САНИРАЊЕ НА УЛ. „СОЛУНСКА“ ВО БОРИМЕЧКА

САНИРАЊЕ НА УЛ. „СОЛУНСКА“ ВО БОРИМЕЧКА

Долгогодишните проблеми со калливите улици на жителите во населба „Боримечка“ веќе стануваат минато, откако за прв пат на улицата „Солунска“ во оваа населба, во должина од 600 метри, во тек е поставување на гребен асфалт. Општина Битола од денес започна со поставување на гребен асфалт на оваа локација, а за наредниот период до истекот на оваа градежна сезона ќе бидат санирани повеќе улици и патишта и во руралните населби.

Претходно на истата локација, пред 20-тина дена, од страна на ЈП „Комуналец“ беа изведени теренски активности во должина од над 300 метри, каде се работеше на чистење на каналот и на проширување на коловозот од двете страни. Со механизација на терен, се одвиваше косење на тревата, кастрење на гранките и рамнење на теренот, односно уличната површина. Со овие интервенции и во каналската и во патната инфраструктура, се намалува проблемот со насобирање на водата при врнежите од дожд и разнесувањето на калта за жителите од овој дел на улицата „Солунска“.