САНИРАН ДЕФЕКТОТ НА ЦЕВНИОТ СИСТЕМ ВО ГРАДИНКАТА КОЛИБРИ

САНИРАН ДЕФЕКТОТ НА ЦЕВНИОТ СИСТЕМ ВО ГРАДИНКАТА КОЛИБРИ

Екипи од општина Битола заедно со претставници на фирмата задолжена за одржување на инсталации за греење на општинските објекти, излегоа на терен при што отстранет е дефектот на цевниот систем во градинката “Колибри”.

На системот во објектот на училиштето не е констатиран дефект, но ќе се спроведат целосни испитувања за време на викендот, имајќи предвид дека станува збор за систем стар околу 40 години. Прекин во греењето на просториите на училиштето и градинката нема да има и од понеделник, наставата продолжува во соодветно затоплени простории за учениците во училиштето, како и за згрижување на децата во градинката.