На повеќе од 30 улици во Битола, во првата половина на февруари, завршена е санацијата на ударните дупки од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“. Санацијата на коловозите се врши со ладна асфалтна маса и коцка. Се интервенира според фреквентноста, големината и приоритетот на улиците, како и врз основа на доставените пријави од граѓаните. На сите локации, во првата половина на месец февруари интервенирано е со над 11 тони асфалт.
СПИСОК НА УЛИЦИ НА КОИ Е ИЗВРШЕНА САНАЦИЈА СО ЛАДНА АСФАЛТНА МАСА
01.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците Партизанска, Македонска Фаланга – потрошено 2.00 тони асфалт.
02.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Борис Кидриќ, Никола Тесла, Боривое Радосављевиќ, Столарска, Боримечка – потрошено – 1,00 тон асфалт.
05.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Булевар 1- ви мај, Јане Сандански, Смилевски Конгрес, Партизанска, Охридска, Младински Бригади – потрошено – 2.00 тона асфалт
07.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: 4 ти Ноември, Блаже Рогозинарот, Цар Самоил – потрошено – 1 тон асфалт
08.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Васко Карангелевски со ЈНА, 15 ти Корпус, Солунска – потрошено – 1,75 тони асфалт
09.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Недопирливи, Климент Охридски, Д. Влахов, Ѓ. Наумов – потрошено – 1,50 тони асфалт
10.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Д. Илиевски Мурато, Партизанска, Јане Сандански – потрошено – 0,75 тони асфалт
14.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Иво Лола Рибар, Лавчанска, Борис Кидриќ, Драгорска – потрошено – 0,75 тони асфалт
15.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Илинденска, Дебарска, Мирче Ацев – потрошено – 0,75 тони асфалт.
Работните активности на КЈП Нискоградба и санацијата на ударните дупки со ладна асфалтна маса и коцка, продолжуваат со истиот интензитет, се до палењето на асфалтните бази во Општина Битола.