САНАЦИЈА СО ГРЕБЕН АСФАЛТ НА УЛИЦИТЕ ВО ЦРНОБУКИ И ГАБАЛАВЦИ

САНАЦИЈА СО ГРЕБЕН АСФАЛТ НА УЛИЦИТЕ ВО ЦРНОБУКИ И ГАБАЛАВЦИ

На улиците во населените места Црнобуки и Габалавци се поставува гребен асфалт, откако претходно екипи на КЈП „Нискоградба“ вршеа порамнување на земјените површини како подготовка за негово поставување. Жителите на овие села преку месните заедници побараа решение за проблемот со калливите улици, по што се пристапи кон поставување на отстранетиот гребен асфалт од реконструкцијата на патниот правец Битола-Демир Хисар.