По повод Меѓународниот ден на лицата со ретки болести, Саат кулата во Битола, вечерва е осветлена во боите кои испраќаат порака за поддршка на овие лица. На овој начин, Општина Битола, уште еднаш потенцира дека потребно е да се подигне јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести, како и да им се помогне во полесно надминување на секојдневните проблеми.
Покрај ваквиот начин на поддршка, општината во соработка со други институции во градот, организираше повеќе настани посветени на овие лица, а преку Програмата за социјална заштита, на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски и со поддршка од Советот на општината, од минатата година, обезбедени се 1.000.0000 денари за лицата со ретки болести.