РЕКОРДНА НАБАВКА НА САДОВИ ЗА ОТПАД ВО БИТОЛА

РЕКОРДНА НАБАВКА НА САДОВИ ЗА ОТПАД ВО БИТОЛА

130 корпи за отпадоци кои веќе се поставуваат на Широк Сокак, 100 зелени канти од 1,1 метар кубен, 70 метални канти со иста зафатнитна, 100 жолти канти за пластика, 2000 кафеави канти, садови за биолошки отпад од 120 литри, 200 големи канти од 240 литри, како и 35 големи контејнери, поточно 2635 садови за отпад, во наредниот период ќе се распределуваат низ битолските улици.  Оваа голема акција на ЈП „Комуналец“ за поубава и почиста Битола, ја најави директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.

„Продолжуваме со воспоставувањето на организиран интегриран систем на управување со отпад на територија на општина Битола. Во тек е замена на контејнери во Битола, во потпелистерските села Нижеполе, Трново-Магарево, и Дихово.Сакам да нагласам дека се подотвуваме за прв пат да организираме подигање на отпад во 8 села во поранешна општина Цапари и тоа Горно Српци, Рамна, Лера, Доленци, Кажани, Цапари, Ротино, Братиндол. За таа цел се набавени 170 контејнери ( пластични и метални ) кои веќе се заменуваат со одредена динамика.Како што знаете, а тоа го забележуваат и граѓаните, во тек е и поставување на нова урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи, жардинери, детски реквизити и сл. Најпрво започнавме со поставување на нови 130 корпи за отпадоци во централното градско подрачје но истовремено ќе поставиме дополнително и на нови површини. Инвестицијата е вредна скоро 3 милиони денари исто така сопствени средства на ЈП Комуналец Битола“, рече Богоевски.

Во посета на стопанскот двор на ЈП „комуналец“ беше и градоначалничката Наташа Петровска, која беше запозната со динамиката на работење и поставување на новите канти и контејнери на територијата на Општина Битола. Таа ги поздрави реализираните активности на ова јавно претпријатие и најавените активности во насока на почиста животна средина.