РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „АРИ АНГЕЛЕВСКИ“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „АРИ АНГЕЛЕВСКИ“

Започна реконструкцијата на ул. „Ари Ангелевски“, која опфаќа промена на канализационата мрежа, водоводните приклучоци и нов коловоз.

Градоначалничката Наташа Петровска заедно со тимот кој работи на овој проект, извршија увид во градежните активности и беа запознати со динамиката на изведба на активностите. За оваа улица, од општинскиот буџет се издвоени 2.015.502 денари за канализационата мрежа, за активностите во однос на водоводната мрежа 1.106.841 денар и за реконструкцијата на коловоз 2.339.428 денари, со што вкупната инвестиција на оваа улица е 5.461.771 денар.

Реконструкцијата на ул. „Ари Ангелевски“ е дел од Програмата на градоначалничката Наташа Петровска, во делот на комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола.