Градоначалникот на Општина Битола денес го посети основното училиште Коле Канински, каде во тек се активностите за реконструкција на спортската сала во училиштето кое важи за училиште од каде што излегле голем број познати спортисти. Новата учебна година, за учениците од ова училиште ќе донесе нови модернизирани услови за спортување и едукација, а во насока на правилен психофизички развој на младите ученици. „Во пресрет на учебната година, со директорите разговаравме во насока на подобрување на условите во училиштата во училишните згради и околу нив. Ова е еден поголем проект кој го најавивме уште кога ја започнавме реконструкцијата на Спортската сала „Младост“, кога најавивме дека паркетот од таа спортска сала ќе биде поставен во две наши училишта. Овој проект, ќе биде комплетно реализиран до средината на септември, така што одржувањето на првите часови по физичко воспитување на отворено, ќе овозможи дополннително да извршиме преместување и на осветлувањето во спортската сала. Тука ќе има нов паркет и комплетно нови услови. Со вакви реконструкции ќе продолжиме и во други училишта, онаму каде што ќе има потреба.“, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески, на денешната прес конференција во училиштето „Коле Канински“, кој потсети на тековните инфраструктурни активности кои се одвиваат на повеќе улици, меѓу кои: Кузман Јосифовски, Големо Езеро, поранешната касарна, како и подготвителната фаза за почеток на реконструкцијата на просторот пред управната зграда на Градскиот пазар. Реконструкцијата на Спортската сала во ОУ Коле Канински, опфаќа поставување на нов паркет во салата во вкупна вредност околу 700 000,00 денари. Инвеститор е Општина Битола, која во изминатиот неколкумесечен период инвестираше и во комплетна реконструкција на Спортската сала „Младост“, како и во реконструкција на спортската сала во основното училиште „Елпида Караманди“.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор