РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ НА УЛИЦА ЉУБОЈНО

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ НА УЛИЦА ЉУБОЈНО

Долгогодишните инфраструктурни проблеми со кои се соочуваа жителите од улицата Љубојно, во населбата Баир, се надминати. Завршена е реконструкцијата на улицата Љубојно во должина од 205 метри. На првиот дел во должина од 141 метар извршено е асфалтирање, а на 64 метри од коловозот поставени се бехатон плочки. Вкупната вредност на инвестицијата од Општина Битола, за овој проект изнесува 1 789 759 денари.