РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО АМБАСАДОРОТ НА КОСОВО

РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО АМБАСАДОРОТ НА КОСОВО

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари работна средба со амбасадорот на Косово, Приндон Садриу и заменик амбасадорот Влорат Гаши.

Дипломатските претставници и градоначалникот, изразија верување дека во идниот период, воспоставената комуникација треба да се интензивира, во функција на взаемна соработка и поддршка во повеќе области, пред се на културен и економски план.