ПРОМОВИРАНА НОВАТА ПИНГ ПОНГ ОПРЕМА ВО СПОРТСКАТА САЛА „БОРО ЧУРЛЕВСКИ“

ПРОМОВИРАНА НОВАТА ПИНГ ПОНГ ОПРЕМА ВО СПОРТСКАТА САЛА „БОРО ЧУРЛЕВСКИ“

Шест нови пинг понг маси и додатна опрема за пинг понг, набави општина Битола, со цел преку подобрување на можностите да се овозможат соодветни услови, во кои граѓаните ќе можат да рекреираат и спортуваат. Четири маси, од денес се поставени во Спортската сала „Боро Чурлевски“, а за време на промотивниот период посебен интерес покажаа младите луѓе, кои играа заедно со членовите на пинг понг клубот „Пелагонија“. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека на овој начин општината овозможува поддршка за развој на сите видови спортови во Битола.

Сите заинтересирани за пинг понг, од денес, можат да играат во спортската сала „Боро Чурлевски“, секој ден од понеделник до сабота во периодот од 12:00 до 22:00 часот, а наплатата е регулирана согласно ценовникот донесен од Советот на општина Битола, во кој сумата за 1 час пинг понг до 16:00 часот изнесува 100 денари, а од 16:00 до 22:00 часот, за еден час пинг понг игра се наплаќа 150 денари.