ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ

За миг да излеземе од секојдневието исполнето со информации поврзани со корона вирусот и да се информираме за инфраструктурните зафати во општината.

Градежните активности, во Општина Битола, продолжуваат да се реализираат на повеќе локации, согласно предвидената динамика за реализација, но и во согласност со препораките за работа во овој период.

  • Се работи на стадион под Тумбе кафе, во просторот под трибините

  • Инфраструктурни активности се изведуваат на првата делница на улицата Илинденска, каде што е завршена фекалната канализација, а се работи водоводната мрежа

  • Во тек се градежни активности и на улицата 13 ти јули за изградба на коловоз и поставување на улично осветлувањe

  • Денес се врши и обележување на спортското игралиште во ОУ Кирил и Методиј

Во руралните средини:

  • Активности се реализираат и во селото Бистрица во паркот кај Меморијалниот споменик од НОБ

  • Градежни работи се изведуваат и на локалниот пат за село Маловишта

Јавните претпријатија продолжуваат со тековните активности согласно својата програма, а по најавите за студен бран КЈП Нискоградба ја подготвува својата механизацијата за евентуални временски непогоди.