ПРОГРАМА 4 НОЕМВРИ: ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА

ПРОГРАМА 4 НОЕМВРИ: ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА

Во Градскиот парк во Битола, се одржа традиционалната велосипедска трка во рамки на одбележувањето на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. Трката ја организираше велосипедскиот клуб „Пелистер 15 мај“ од Битола, а учество зедоа учениците од основните училишта од градот од шесто до деветто одделение, поделени во 4 возрасни категории. Трката се одржува во партнерство со Сојузот на училишни спортови од Битола.  По завршувањето, првопласираните тројца во категорија добија признанија и медали од организаторот.