ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО УЧИЛИШНИОТ СПОРТ

ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО УЧИЛИШНИОТ СПОРТ

Во средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“, денес се одржа завршната манифестација „Прогласување на најуспешните за Училишен спорт“ за учебната 2022/23 година. Во овие активности беа вклучени 3200 ученици во 28 категории во 15 спортови.

За најуспешно основно училиште е прогласено ООУ „Климент Охридски“, а за најуспешно средно училиште СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.

На настанот, присутните изразија голема благодарност до општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски, кои оваа година, преку програмата за спорт и млади, за училишниот спорт издвоија 700.000 денари.

Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на најуспешните им посака нови спортски резултати во следната учебна година и уште поголема ангажираност на наставничкиот кадар и учениците, со цел поттикнување и развој на спортскиот дух кај младите.