ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ
1.РЕШЕНИЕ ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА
-НАПЛАТА НА ДАНОЧНИТЕ ДОЛГОВИ, ПАРИЧНИТЕ КАЗНИ И КАМАТИТЕ СЕ ВРШИ СО РЕШЕНИЕ ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА
2. ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ СЕ ВРШИ ОД:
– ИМОТОТ НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК СО ПОПИС, ПРОЦЕНКА И ПРОДАЖБА ПО ПАТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ.
– СО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК ОД НЕГОВИТЕ СМЕТКИ
– СО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК НА ЛИЧНИТЕ ПРИМАЊА ОД РАБОТЕН ОДНОС
3.ТУЖБА
-ПРОТИВ РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА – СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г,МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА ВО РОК ОД 8 ДЕНА ОД ПРИЕМОТ НА РЕШЕНИЕТО СО УПЛАТЕНИ 250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315
-ЖАЛБАТА НЕ ГО ОДЛАГА ИЗВРШУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕТО.
-ВО ЖАЛБАТА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ИЗНЕСУВААТ ОКОЛНОСТИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УТВРДУВАЊЕТО НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ.
4. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА
– РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.
5.ТУЖБА
-Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 60 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .
ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.
-ТУЖБАТА НЕ ГО ОДЛАГА ИЗВРШУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕТО.
-ВО ТУЖБАТА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ИЗНЕСУВААТ ОКОЛНОСТИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УТВРДУВАЊЕТО НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ.