Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла, и слично, на сите граѓани на Република Македонија им препорачува:
-континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација;
-да не тргнуваат на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема;
-да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот;
-да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека;
-да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели;
-луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а, доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри;
-планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициска станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.