ПРЕДНОВОГОДИШНА РАДОСТ ЗА ДЕЦАТА ВО СОРАБОТКА СО НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР

ПРЕДНОВОГОДИШНА РАДОСТ ЗА ДЕЦАТА ВО СОРАБОТКА СО НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР

Општина Битола во соработка со невладината организација „Баирска светлина“ и ЗГ „Сумнал“, денеска обезбеди новогодишни подароци и за децата со кои работат овие организации. Подароците на барање на НВО „Баирска светлина“, Дедо Мраз им ги подари на децата во ОУ Ѓорѓи Сугарев, кои пак го израдуваа со богата новогодишна програма.
Другарувањето со Дедо Мраз за децата од ЗГ „Сумнал“, во организација на општина Битола, беше во просториите на здружението, во МЗ Таки Даскалот. И овие деца својата креативност, но и радост во пресрет на Новата година, ја покажаа на посебен начин, со многу песна, игра, забава и другарување.