Во прва работна посета на Општина Битола, денес присуствуваше новиот генерален конзул на Република Грција, Александрос Видоурис.
На средбата со градоначалникот Коњановски, разговараа за меѓусебната соработка на Битола со повеќе градови од Грција, како и за идните планови за нејзино зајакнување на економски, туристички и културен план.
Градоначалникот информираше и за Меморандумот за соработка кој неодамна беше потпишан помеѓу Битола, Корча и Кожани, што води во насока на заедничка реализација на повеќе проекти пред се од областа на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.
Генералнииот конзул Видоурис, потенцираше дека со своето големо дипломатско искуство, подготвен е да даде придонес кон привлекување на потенцијални грчки инвеститори во Битола, да иницира поголема соработка помеѓу стопанствениците од двете земји, како и заеднички да дејствуваат во насока на создавање услови за културна размена и туристичка промоција на Битола.