Во пациото на НУ Завод и Музеј – Битола по четврти пат се одржа детско-тинејџерскиот фестивал „Еден летене распуст“ кој е дел од програмата на овогодинешното јубилејно издание на БИТФЕСТ.
Оваа година учество на фестивалот зедоа 8 учесници, се изведоа 13 песни.
Дел од песните кои што учесниците ги изведоа беа нови, а дел светски хитови. Учество на фестивалот зедоа: Дамјана Ристевска, Марија Думевска, Софија Думевска, Ина Проеска, Илона Шундовска, Теодора Кулевска, Јован Балтов, а додека пак спецјален гостин беше Тамара Стојковска.
Директорот на фестивалот Ренато Михајловски кој неуморно, трпеливо и со огромна посветеност го создава овој фестивал истакна дека Битола повторно се докажува дека раѓа големи музичари кои и во иднина ќе бидат амбасадори на добрата песна.
Тој најави дека наредната година фестивалот Еден летен распуст својот мал јубилеј, пет години постоење ќе донесе многу изненадувања и новитети.
Досега на фестивалот Еден летен распуст учество зеле над 30 учесници.