ЈП Комуналец, Општина Битола и АД ЕЛЕМ Скопје – Подружница Битола, започнуваат со реализација на проектот насловен „За зелена Битола“. Со проектот предвидено е засадување на 3000 стебла садници, со што ќе се збогати зелениот фонд во општината, а истовремено се преземаат и конкретни мерки против аерозагадувањето. „Согласно програмските определби кои што ги имав како градоначалник, а се однесуваа на зазеленување на повеќе површини во нашиот град, зголемување на бројот на садници во централното градско подрачје, она што го побарав од директорот на ЈП Комуналец, во нашите први официјални работни средби, но и од останатите јавни претпријатија од нашиот град, беше како да се организираме за оваа замисла да ја ставиме во реализација. На овој начин, идејно затвораме еден проект, кој веќе треба да започне со имплементација на засадување на зимзелени дрвја во нашиот град, но и во околината. Замислата е да се посадат 3000 елки, што ќе значи создавање на мини паркчиња кои нема да бидат само оној централен градски парк кој што го знаеме, а ќе бидат во функција на разубавување на нашиот град, но и во функција со справувањето со аерозагадувањето на нашиот град. Голема благодарност до директорот на ЈП Комуналец и директорите од останатите ЈП, кои веќе ги имаат изработено фазите на мапирање на тоа каде треба да бидат поставени насадите, а веќе ја имаат поставено и целата организациска структура, како јавните претпријатија со механизацијата и логистиката со која располагаат, можат да се вклучат во овие активности. Акцијата ќе биде во три фази, а за кратко време ќе се согледаат намерите кои биле поставени во моите програмски определби. Станува збор за дрвја кои се во добра виталност и можност за напредок, така што сакам да нагласам дека динамиката со која што ќе бидат засадувани, ќе биде согласно временските определби и онаа динамика што можеме ние да ја следиме во делот на наводнувањето на истите. Но, мислам дека ќе биде задоволителна динамика, која граѓаните ќе можат да ја видат во следниот период. И она што посебно ме радува, е тоа што станува збор за садници кои се за ова поднебје препознатливи и навистина можат да егзистираат, за разлика од минатиот период кога беа засадувани дрвја кои беа непрепознатливи за ова поднебје, се трошеа финансиски средства, но немавме ефект од сето тоа. Голема благодарност и до РЕК Битола и господинот Васко Ковачевски кој исто така ќе биде вклучен во оваа акција, што значи дека финансиски средства ќе бидат обезбедени од РЕК Битола. На тој начин, покажуваме дека и на ниво на држава, не е само Битола општина, од која што се зема, односно општина во која што се произведува, заедно со општина Могила и Новаци, електричната енергија, од која бенефит има цела држава, туку на овој начин и се враќа во општините кои што тоа го заслужуваат. Во фазите кои што ќе следуваат ќе бидат вклучени и општините Новаци и Могила“, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска. Засадувањето на садниците ќе се реализира според проектно утврдената динамика, односно во зимско – пролетниот и есенско – зимскиот период, додека одржувањето ќе биде континуирано. „Финансиската конструкција ќе биде обезбедена од АД ЕЛЕМ – Скопје, Подружница РЕК Битола. ЈП Комуналец има ценовник за садниците. Ќе се засадува на сите јавни површини во урбаниот и руралниот дел на општината“, изјави Панде Богоевски, директор на ЈКП Комуналец, Битола. Засадувањето на првите садници ќе започне во среда од паркот во близина на ОУ „Свети Климент Охридски“.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор