Синоќа на платото пред Офицерскиот дом се одржа првата вечер од Зимската приказна, која наиде на голем одзив кај битолчани.
Атмосферата се загреа со настапот на диџеите dj RICARDO, T- ZOBE , Acika DANNY– L, а кулминираше со настапот на битолската група Фолтин.
Иако синоќешните температури се спуштија под нулата, тоа не ги спречи битолчани да уживаат во музичката програма и да ја почувствуваат енергијата и магијата на предновогодишното празнување.
Битола започна да живее со својата Зимска приказна.