ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПАРТНЕРСТВО ВО ПРОЕКТОТ „ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕЛЕН ТРАНСПОРТ ВО ГРАДОВИТЕ“

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПАРТНЕРСТВО ВО ПРОЕКТОТ „ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕЛЕН ТРАНСПОРТ ВО ГРАДОВИТЕ“

Во Општина Битола, од страна на градоначалникот м-р Наташа Петровска беше потпишан Договорот за партнерство во проектот „Интеграција на Зелен транспорт во градовите “ од  првиот повик од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 со акроним “Green inter e mobility”.

Вкупниот буџет на проектот кој ги вклучува Општина Битола и Општина Ресен од македонска страна и Општина Преспа, Општина Флорина, Технолошкиот образовен институт на Западна Македонија (TEIWM) и Универзитетот од Патра (UPAT) од Република Грција, изнесува 1.017.627,40 евра. Од нив, предвидениот буџет за Општина Битола е 196.330 евра.

Целта на овој проект е преку примена на обновливи извори на енергија да се дизајнира и примени енергетски ефикасен, регионален интелегентен транспортен систем – ИТС кој ќе го поддржи ефикасното остварување и промоција на секојдневниот транспорт на спортистите и учениците, како и олеснување на транспортот во нивното секојдневие.

Користејќи ја оваа нова иновативна технологија, проектот „Зелен транспорт“ ќе се приближи до активностите и идеите за животна средина и ќе делува како пример за идна интеграција на слични иновативни инфраструктурни системи во општината, со цел  да имаме поголема заштита на животната средина и активна употреба на електрични возила.

Покрај подобрување на транспортот со еколошки решенија, Општина Битола преку овој проект ќе придонесе и за зголемување на меѓусебната размена на знаења и искуства меѓу спортистите и учениците во регионот.