На ул. „Довлеџик“, во тек се активности за дислокација на целата воздушна мрежа во подземна. Тоа значи дека висечките кабли за телефонија, кабловските оператори и енергетските кабли на Електродистрибуција, се сместуваат како дел од подземната инсталација на ул. „Довлеџик“.
На овој начин, сите надземни висечки кабли, ќе бидат сместени под коловозот. Овој зафат е дел од проектот за изградба на комплетна инфраструктура на ул. „Довлеџик“, каде претходно беше реализирано поставувањето на фекалната канализациона мрежа.
По овој зафат, потребно е да се отстранат електричните столбови и да започнат активности за поставување на ново улично осветление, атмосферска канализација, водоводна мрежа и нов коловоз.