Нови 350 метри квадратни кал се веќе минато за дел од жителите во населбата Стрчин. Увид во теренските работи на поплочувањето на улиците изврши градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.
Локалното население изрази благодарност за слухот на оваа локална самоуправа да им излезе во пресрет и да им овозможи чист пристап до своите домови. Исто така, жителите од населбата побараа да се постапи и во останатите улици, во кои никогаш не било интервенирано.
Градоначалничката Петровска уште еднаш ја посочи основната заложба на оваа локална самоуправа, на терен да се работи постојано, со застапеност во сите населби во градот.