Заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници од Сојузот на борци, гости од Русија и претставници на Меѓународниот Славјанскиот универзитет и други граѓани и организации, денес положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ, по повод 9 мај – Денот на Европа и денот на победата над фашизмот. „Ми претставува особен чест, што денес во името на градоначалничката Наташа Петровска, сме тука да одадеме почит на паднатите борци и оние кои што го дадоа животот за денес ние да уживаме во слободата. Исто така, денес го славиме и денот на победата – 9 Мај Денот на Европа, ден кој што нé потсетува дека мораме да продолжиме да работиме, да го зачуваме мирот, обединети во различностите“, изјави заменик градоначалничката Емилија Костурски.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2018/05/Pobeda_nad_Fashizmot_518_01-783x521.jpg)