Денес пред споменикот на бранителите „ Ангел “ градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески како и други делегации, положија свежо цвеќе, по повод 14 години од загинувањето на битолските резервисти на патот Шипковица кај Гајре.
Имињата на овие македонски синови вечно ќе останат врежани во нашите срца и со златни букви испишани во историјата на нашиот град.