ПОЖАРОТ КАЈ „ЖИТО БИТОЛА“ СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА

ПОЖАРОТ КАЈ „ЖИТО БИТОЛА“ СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА

Пожарот кој избувна попладнево во 17 часот и 20 минути во објектот „Жито Битола“, вечерва во 20.00 часот е ставен под контрола.

Според податоците од заменик командирот на ТППЕ Битола, Горан Димкоски, екипите на противпожарната единица во моментот вршат догаснување на делот од главната зграда, кое најверојатно ќе трае до утринските часови. Направена е замена на противпожарната екипа на терен која гаснеше четири часа, со нова екипа која ќе ја контролира ситуацијата во текот на ноќта.

Во гаснењето на пожарот во објектот „Жито Битола“, беа вклучени 29 пожарникари со 9 противпожарни возила, а на барање на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, беше помогнато и со две возила за дотур на вода од ЈП Водовод и РЕК Битола.