ПОДЕЛЕНИ УШТЕ 500 САДОВИ ЗА ОТПАДНА ПЕТ ПЛАСТИКА

ПОДЕЛЕНИ УШТЕ 500 САДОВИ ЗА ОТПАДНА ПЕТ ПЛАСТИКА

Јавното претпријатие „ Комуналец “ и Општина Битола, продолжуваат со  поставување на садови за отпадна ПЕТ пластика, кои што на општината ги додели друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „ ПАКОМАК “.
Во делот на Лавчанска населба и населбата Недопирливи ќе бидат поделени 500 садови, кои заедно со останатите 500 кои беа поделени минатата година во Брусничка населба, се во вредност од
1 милион денари, а големите контејнери за отпадна ПЕТ пластика за колективни станбени едници во вредност од 2 милиони денари.
„ Заедно со фирмата ПАКОМАК , со која што имаме договор за соработка, ќе продолжиме со активности. Целта е селектиран отпад, односно во жолтите канти се собира пластика, а додека во зелените органски отпад. Нашите туристи забележуваат дека градот под Пелистер, градот на Конзулите, хигиенски е на високо ниво, а ние се трудиме тоа максимално да го одржуваме “ – изјави градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески.
Во изминатите две години, сите колективни станбени единици се обезбедени со садови за примарна селекција на отпадна ПЕТ пластика и отпадна хартија.
,, Од искуството кое што го имаме од ланската година, мора да ги пофалиме граѓаните, кои дисциплинирано го селектираат отпадот, понатаму го предаваат во ЈП ,, Комуналец “, а од сето тоа бенефитот е обостран. “ – истакна директорот на ЈП „ Комуналец “ Зоран Соклевски.