ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

На платото пред Oфицерскиот дом во Битола, се одржа настанот„Да ги покажеме нашите бои“, како дел од одбележувањето на Светскиот ден на ретките болести.

Носители на настанот беа учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“, кои традиционално организираат настани по повод Светскиот ден на ретките болести, во соработка со Здруженито на лица со ретки болести „Живот со предизвици“ и претседателката Весна Алексовска, како и Хепар Центар Битола и вработените во КИЦ Битола.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, учествуваше на настанот и јавно ја искажа поддршката кон оваа категорија граѓани.

Учесниците на настанот, симболично ги обоија своите дланки и испратија порака дека лицата со ретки болести се околу нас, нивната реткост е посебност и дека сите заедно треба да им помогнеме да бидат дел од нормалното секојдневие.

Се повеќе лица од јавниот живот во градот, деновиве со обоени дланки јавно истакнуваат дека го поддржуваат Денот на ретките болести 28 февруари, под мотото „Да ги покажеме нашите бои“.

Светскиот ден на ретките болести на глобално ниво се одбележува од 2008 година, со цел да се подигне јавната свест за ретките болести.