ПОДДРШКА ЗА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

ПОДДРШКА ЗА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

Бронзен медал на Јуниорската Балканска  математичка олимпијада, која се одржа од 19 до 24 јуни во Родос, Грција, е новиот успех на Мила Ивановска, ученичка во прва година, природно-математичка насока А, во  СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“. На олимпијадата учествуваа претставници од 17 земји, од кои 11 официјални и 6 гости, а ваквиот нов медал, е уште еден висок резултат, во низата успеси на Ивановска. На денешната средба со градоначалничката на Општина Битола, младата средношколка изрази голема благодарност за несебичната поддршка од градоначалничката, која и овозможи достојно да ја претстави Битола на Балканската математичка олимпијада, а притоа на сите ученици им порача: „Иако многумина се плашат и бегаат од математика, јас ве охрабрувам и ве уверувам дека математиката, воопшто не е тешка. Вистинскиот труд, секогаш носи гарантиран успех“, рече Мила Ивановска, која зад себе има признанија и од учество на меѓународни натпревари. Учеството на меѓународни олимпијади е од големо значење за градење на научниот капацитет на државата. Токму во таа насока, градоначалничката Петровска, честитајќи и го успехот на Ивановска, нагласи: „Вистинските вредности, секогаш ќе ја имаат мојата поддршка“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. Поддршката на младите талентирани ученици, претставува стимул за понатамошен напредок на учениците, а преку нивните резултати се создаваат можности за афирмација на општината и државата во светски рамки.