После подготовката на проектот од страна на Општина Битола, за реализација на инфраструктурниот проект „Реконструкција на коловоз на локален пат за село Дихово“, Општина Битола, достави проектна апликација за добивање средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година.
Реализацијата на овој проект е во насока на постигнување на стратешката цел: Развој на Пелагонија како конкурентна туристичка дестинација и промоција на регионалниот културен идентитет. Потребните средства за реализација на проектот изнесуваат 5.697.913,20 денари.
Со инвестирањето во ваков проект, Општина Битола преку подобрување на патната инфраструктура кон подпелистерските села, а конкретно во овој проект – локалниот пат за с.Дихово, значително ќе се влијае кон подобрување на туристичката понуда, зголемување на бројот на странски и домашни туристи, заинтересирани за планинскиот, селскиот и авантуристичкиот туризам.
Проектната апликација за реализација на проектот за реконструкција на коловоз на локален пат за село Дихово е само еден од чекорите кои континуирано се преземаат во насока на подобрување на патната инфраструктура која е во многу лоша состојба, а води до повеќе објекти категоризирани со легла за развој на селскиот и руралниот туризам.
Реализацијата на ваквите проекти е од особена важност за развој на подрачјата со специфични потреби, кои се пак од големо значење за целата општина.