Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со битолчанецот Иван Стојановски кој го изваде Светиот Крст од осветените води во Храмот Свети Великомаченик Димитриј, по повод големиот христијански празник Водици.
Стојановски, од страна на градоначалникот Коњановски беше награден со парична награда во вредност од 15.000 денари и икона од заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.