ЈП „Паркинзи“ од денес започна со обележување на паркинг местата во градот, користејќи ја новата машина за обележување.
Околу 1600 паркинг места, ќе бидат побрзо и поквалитетно обележани, а во првата фаза се работи на отворените паркинг зони. Во втората фаза ќе бидат опфатени затворените паркинг зони.
Екипите на ЈП „Паркинзи“ го вршат обележувањето наутро од 5 до 9 часот и навечер од 19 до 22 часот.