Надлежности врз основа на Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ” бр. 05/02), и Статут на Општина Битола донесен на 18.07.2005 година – на сила

Надлежности врз основа на Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ” бр. 05/02), и Статут на Општина Битола донесен на 18.07.2005 година – на сила

Врз основа на член 7 и 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на
РМ” бр. 05/02), Советот на Општината Битола на седницата одржана на 18.07.2005 г. донесе
Статут на Општина Битола. Согласно истиот од член 54 – член 60:

Градоначалник на Општината

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

– ја претставува и застапува Општината;
– ја контролира законитоста на прописите на Советот;
– со заклучок ги објавува прописите на Советот во службеното гласило на Општината;
– го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
– го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината;
– иницира и предлага донесување прописи од надлежност на Советот;
– го предлага годишниот буџет и годишната сметка на Буџетот на Општината;
– го извршува Буџетот на Општината;
– избира директори на јавните служби што ги основала Општината, врз основа на јавен
конкурс;
– редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со
Статутот;
– решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во
согласност со законот;
– донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската
администрација;
– раководи со општинската администрација;
– одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во
општинската администрација, доколку поинаку не е определено со Законот;
– обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста во
согласност со законот и Статутот и
– врши и други работи утврдени со законот и со овој Статут.

Градоначалникот може да овласти раководен службеник на Општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.За извршување на своите надлежности Градоначалникот го информира Советот по потреба, а најмалку 2 (два) пати во годината. Градоначалникот управува со сопственоста на Општината како добар домаќин. Во управувањето со сопственоста на Општината, Градоначалникот е должен да презема меркии да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со законот. Новоизбраниот градоначалник ја презема должноста од претходниот градоначалник во рок од 7 дена од денот на изборот. За време на вршењето на функцијата, Градоначалникот не може да врши друга професионална дејност.

Градоначалникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење пред Советот. Градоначалникот определува кој од членовите на Советот ќе го заменува во случаи наспреченост или отсуство.Во рок од 60 (шеесет) дена од денот на преземањето на функцијата градоначалник е долженсо решение да го определи членот на Советот кој ќе го заменува.За денот на настанувањето на спреченоста или отсуството Градоначалникот го информира претседателот на Советот.На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за времето кога го заменува Градоначалникот.Претседателот на Советот не може да го заменува Градоначалникот.

Платата и надоместоците на Градоначалникот, како и надоместокот за членот на Советот што го заменува Градоначалникот, се уредуваат со закон. Градоначалникот не може да биде именуван за член во надзорни, управни и контролни органи на трговски друштва и јавни служби. Градоначалникот не може да учествува во процесот на одлучување за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, деца или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес.

На градоначалникот му престанува мандатот по сила на Законот:

– ако поднесе оставка;
– во случај на смрт;
– ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над 6
месеци;
– ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност;
– ако настапи случај на неспоивост во вршењето на функцијата согласно со Законот за
локални избори;
– во случај на неоправдано отсуство подолго од шест месеци и ако престане да биде жител
на Општината.

Надлежности врз основа на Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.52/95) и Статутот на Општина Битола донесен на 10.05.1996 година – вон сила