По повод 17 април, Светскиот ден на хемофилијата, општина Битола изрази поддршка на граѓаните кои се соочуваат со овој проблем. Во таа насока, општинската зграда и Градскиот часовник синоќа светеа во црвената боја, симболот на ова нарушување.
Хемофилијата е наследно нарушување на коагулацијата при кое крвта на лицето не коагулира соодветно, доведувајќи до тешки случаи на неконтролирано крварење, кое што настаниува случајно или после одредена повреда. Хемофилијата е ретко нарушување, кое се јавува кај 1 на 10.000 лица.
Светскиот ден на хемофилија е меѓународен ден за подигнување на свеста за хемофилија и други нарушувања на коагулацијата и се одбележува на 17 април, роденденот на Френк Шнабел, основач на Светската федерација за хемофилија.