ОПШТИНА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАПОЧНАТИТЕ ПРОЕКТИ

ОПШТИНА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАПОЧНАТИТЕ ПРОЕКТИ

Општина Битола продолжува со работните активности и реализација на започнатите проекти на повеќе локации, ова се само дел од локациите на кои денес се работи.

– Детската градинка во поранешниот Дом за доенчиња и мали деца
Поради надминување и решавање на проблемите поврзани со зголемување на капацитетот на детските градинки, долгогодишен проблем поврзан со недоволно места за згрижување на деца – Општина Битола во соработка со Министерството за труд и социјална политика ги реализира веќе започнатите работни активности во насока на просторно уредување и адаптација на детска градинка во рамките на поранешниот мајчин дом.

– Паркинг кај Декорпод
Се работи на уредување на паркин просторот кај Декорпод. Во овој дел се реализираат активности со кои ќе се овозможи решавање на проблемите и со атмосферските води, но исто така и поставување на пешачка патека, осветлување и хортикултурно уредување на истиот.

– Улицата кај „Лидл“ и „Блис“
Се изведуваат работни активности за изградба на улицата кај новиот маркет ,,Лидл,, и трговскиот комплекс ,,Блис,, за што беше воведен и привремен режим на возење.
Локалната самоуправа продолжува со реализација на реконструкција на општинскиот пат во населеното место Цапари,, со што ќе биде подобрена патната инфраструктура.
Општина Битола инвестира во подобрување на инфраструктурните услови како во урбаниот, така и во руралниот дел на општината, и продолжува со реализација на веќе започнатите проекти, се со цел подобрување на условите за сите граѓани на Битола.
Наскоро, општина Битола ќе отпочне со реализација и на други инфраструктурни проекти за кои веќе се склучени договори со оператори за изведба.