ОПШТИНА БИТОЛА – ПАРТНЕР ВО ПРОЕКТОТ „ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ 2“

ОПШТИНА БИТОЛА – ПАРТНЕР ВО ПРОЕКТОТ „ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ 2“

Во септември 2020 година, Општина Битола во соработка со  партнерски организации и општини од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, како и Здружението за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“ во својство на партнерска организација од Република Северна Македонија, започна со имплементација на стратешкото партнерство за иновации „Грижа за здравјето на Ромите 2“. Главна цел на овој проект е промоција на здравствената писменост меѓу Ромите, преку тренирани здравствени медијатори, вклучувајќи и воспоставување на Центри за здравствено образование на заедницата.

Како дел од проектот „Грижа за здравјето на Ромите 2“, предвидено е да се воспостави наставна програма за здравствена едукација на Ромите, прирачник за обучувачите и Здравствен локален акциски план за Ромите.