Општина Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Јавните претпријатија, Ве повикуваат да земете учество во Проектот „Универзитетска Летна Пракса“ кој ќе се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на УКЛО.
Целта на вака замислениот проект, е збогатување на практичните вештини на студентите. Со истиот, ќе бидат опфатени 40 студенти, кои практикантската работа ќе ја изведуваат во месеците jули, aвгуст и септември.
Секој од избраните студенти, ќе има можност да изведува практикантска работа во период од 1 календарски месец.
За реализација на практикантската работа, избраните студенти од општина Битола ќе добиваат месечен нето надомест во висина од 10.000,00 денари.
Критериумите кои треба да се исполнат се следни:
- Да биде редовен студент
- Во академската 2022/2023 година да има запишано V или VII семестар.
- Остварениот просек на положените испити од последниот семестар да не биде понизок од 8.00
- Да биде исполнителен и одговорен при реализацијата на практикантската работа.
Секој заинтересиран студент кој ги исполнува погоре наведените критериуми, треба да ги достави следнит документи :
- CV (Europass)
- Писмо за интерес /Мотивационо писмо
- Потврда од факултет за запишан V или VII семестар
- Потврда од факултет за постигнат успех во последниот сместар
- Изјава своерачно потпишана дека ќе ги почитува правилата кои важат во институцијата и дека ќе се однесува совесно и одговорно.
Рокот за доставување на потребните документи е 12 април 2023 година до 16.00 часот.
Целокупната документација се доставува во електронска форма на следниот e-mail: univerzitetskapraksa@bitola.gov.mk