ОПШТИНА БИТОЛА ВО СОРАБОТКА СО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА СО ПОВЕЌЕ ПРОЛЕТНИ АКТИВНОСТИ

ОПШТИНА БИТОЛА ВО СОРАБОТКА СО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА СО ПОВЕЌЕ ПРОЛЕТНИ АКТИВНОСТИ

Општина Битола, заедно со ЈП Комуналец, КЈП Нискоградба и ЈКП Водовод, од утре започнуваат со спроведување на активности во рамките на „Неделата на пролетта“. Активностите, во вторник започнуваат со чистење на диви депонии кај германските гробишта и месноста Кркардаш, а во среда планирано е уредување на Градскиот парк и замена на клупи и канти за отпадоци низ Широк Сокак. Почетокот на пролетта ќе го означи и засадувањето на садници во Новиот парк во Нова Битола, а во петок, започнува со редовна работа кугланата во Спортската сала „Боро Чурлевски“.

„Неделата на пролетта“, го најавува почетокот на повеќе активности, кои се однесуваат на хортикултурно и инфраструктурно уредување на повеќе локации, кое општината ќе продолжи да го реализира од идната недела.