Општинскиот кризен штаб во Битола денес повторно се состана и ги разгледа состојбите и последиците по синоќешните врнежи од дожд. На терен делуваа екипи во текот на целата вечер, се интервенираше со пумпи во над 20 објекти, а утринава се работеше на расчистување на улиците и дезинфекција на објектите. По разгледувањето на синоќесшната состојба, беше даден извештај за санацијата на терен.
Општинскиот кризен штаб формира 12 екипи со 12 пумпи за превентивно делување на терен во периодот кој што следува. Координатор на активностите е КЈП „Нискоградба“ која на терен постојано ги следи активностите и согласно потребите ќе ги активира екипите. Доколку дојде до нови врнежи и има потреби од интервенции, граѓаните може да ги пријавуваат состојбите на телефонските броеви 193 во Територијалната противпожарна единица и на 195, во Центарот за управување со кризи.