Претставници на пациенти од здруженијата за ретки болести „Живот со предизвици“ и „Хепар Центар“- Битола, заедно со Интеракт клуб Битола, СОУ Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ и Општина Битола, денес од Плоштадот Магнолија, испратија пораки за поддршка на лицата кои се соочуваат со ретки болести.
Во светот, постојат над 6.000 идентификувани ретки болести, од кои повеќето започнуваат во детството, а можат да бидат хронични, прогресивни, дури и опасни по живот.
Целта на активностите, кои се реализираат по повод 28 февруари Светскиот ден на ретките болести е да се овозможи целосно учество во сите форми на општествено делување на лицата кои се соочуваат со овие болести, преку подигнување на јавната свест и елиминирање на сите форми на дискриминација и стигматизација.