ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК СО ФОНДОТ НА ХОЛОКАУСТОТ И ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК СО ФОНДОТ НА ХОЛОКАУСТОТ И ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Горан Садикаријо, главен извршен директор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Благоја Младеновски, претседател на Управниот одбор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Пепо Леви, заменик претседател на Управниот одбор на Еврејската заедница во Република Македонија, денес во Општина Битола, одржаа работен состанок со директорот на ЈКП Комуналец и градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.
На средбата се разговараше за повеќе активности, како и за конкретни чекори во продолжувањето на понатамошната соработка. Меѓудругото, на денешниот состанок беше договорено и заедничка вклученост на сите договорни страни во одржувањето на хигиената на Еврејските гробишта во Битола.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC