ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА И МУЗЕЈОТ НА ХОЛОКАУСТОТ

ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА И МУЗЕЈОТ НА ХОЛОКАУСТОТ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа работен состанок со Претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Пепо Леви и извршниот директор на Музејот на Холокаустот, Горан Садикаријо.

На средбата се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и за настаните со кои во Битола, ќе биде одбележан, 11 март – Денот на холокаустот на македонските Евреи. Градоначалникот Коњановски, го отвори и прашањето поврзано со Пионерскиот дом во Битола, кој е во сопственост на Еврејската заедница, за што заеднички беше констатирано дека, по завршувањето на потребните постапки поврзани со објектот, кои се веќе отпочнати од страна на сопствениците, ќе се разговара за содржинско исполнување и функционалност на објектот, за што општината би дала поддршка, согласно законската можност.