ОДРЖАН ДВОДНЕВЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО БИТОЛА

ОДРЖАН ДВОДНЕВЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО БИТОЛА

Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Битола, викендов беше домаќин на дводневниот шаховски турнир, насловен „Державин 2022“.

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, вчера го означи официјалниот почеток на турнирот, нагласувајќи дека Општина Битола и понатаму ќе биде голем поддржувач на сите шахисти од општината.

Турнирот, на кој годинава учествуваа рекорден број од 170 учесници, беше составен од два турнири во шах “А Турнир – ОПЕН“ и “Б Турнир – натпреварувачи“ со возраст до 16 години (родени 2006 и помлади) и рејтинг до 1800.

Градоначалникот Тони Коњановски, попладнево им ги додели наградите на најуспешните на турнирот, честитајќи им за постигнатиот резултат и посакувајќи им уште многу нови победи.