Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ денес го прослави пратрониот празник на својот заштитник. По тој повод, во изложбениот простор „Магаза“, беше отворена изложбата „По трагите на Св. Кирил и Методиј“, реализирана во соработка со Амбасадата на Република Словачка.
На настанот присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. По пригодната музичка програма, свои обраќања имаа амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш, за изложбата говореше Стојан Лекоски, а свое обраќање имаше и ректорот на универзитетот проф. Д-р Сашо Коруновски.
На крајот од свеченоста, од страна на авторката Соња Серафимовска, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ му беше подарена скулптура, реплика на Св. Климент од Охрид.