По повод Денот на руската дипломатија, во организација на Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот конзулат во Битола, денес се одржа традиционална церемонија пред споменикот „Руски крст“ во Битола.
Свежо цвеќе пред споменикот, положи и Делегација од општина Битола, предводена од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и претседателот на Советот Габриела Илиевска.