Денеска, во Битола се одржа чествување по повод 77 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада во Битола.
„Кон традицијата со почит и поклон пред жртвите за најголемиот човечки идеал – слободата“ е пораката која беше испратена на денешниот настан.
Свежо цвеќе пред спомен плочата, положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола и други делегации.
Чествувањето на овој јубилеј беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола.