ОДБЕЛЕЖАНИ 57 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МИЛТОН МАНАКИ

ОДБЕЛЕЖАНИ 57 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МИЛТОН МАНАКИ

На Влашките гробишта во Битола, денес беа одбележани 57 години од смртта на Милтон Манаки, еден од двајцата браќа кои беа првите сниматели на Балканот. Поради состојбата со КОВИД-19, скромно, но сепак со цел да се даде значење на делото на Милтон Манаки, свежо цвеќе на неговиот гроб положија градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на  Комуната на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“.

„Милтон Манаки неспорно остави длабок траг со своето дело во нашата општина. На ваков начин се сеќаваме на него, оддаваме почит на неговите дела и  неговата вредност. Нека му е вечна слава“, рече градоначалничката Петровска.

„На денешен ден пред 57 години се упокои нашиот заслужен културен деец, еден од браќата Манаки, Милтон Манаки. Нека му е вечен споменот и заслугата на нивните дела кои оставија трајна вредност за нашиот град“, посочи Стефче Хаџиантоновски, претседател на кино клубот „Студио Милтон Манаки“.