ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАБАВКА И МОНТАЖА НА ВИСОКОЕФИКАСНИ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАБАВКА И МОНТАЖА НА ВИСОКОЕФИКАСНИ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

Jавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди e објавен на веб страната на Општина Битола на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/Јавен-повик-инвертери-1.pdf. На веб страната во делот актуелно објавена е Информативна мапа на приоритетни зони за инвертер клима уреди, каде што граѓаните точно можат да проверат во која зона припаѓаат.

Пријавувањето за јавниот повик ќе биде електронски, со пополнување на онлајн формулар и прикачување на потребната документација во скенирана форма на интернет страницата: https://btsubvencii.mk/  

до која ќе може да се пристапи и преку официјалната интернет страница на Општина Битола: www.bitola.gov.mk.

Рокот за електронско пријавување започнува на 18.09.2020 година во 08:00 часот и ќе трае до 02.10.2020 година во 16:00 часот.

Вкупните средства кои што се планирани за овој јавен повик, вклучително со данокот на личен доход, изнесуваат 155.000.000,00 денари.

Со објавувањето на јавниот повик два дена пред почетокот на електронското пријавување, граѓаните имаат доволно време за комплетирање на документацијата согласно барањата во јавниот повик.

Сите детали за електронското аплицирање и потребната документација се наведени во јавниот повик.