ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО МЕРКАТА ОБУКИ ЗА ПОБАРУВАНИ ЗАНИМАЊА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО МЕРКАТА ОБУКИ ЗА ПОБАРУВАНИ ЗАНИМАЊА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Како резултат на соработката во рамките на Локалниот економско социјален совет (ЛЕСС) на Општина Битола со Агенијата за вработување, Ви ги пренесуваме информациите од Јавниот повик до невработени лица за вклучување во мерката 3.3 Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд, кој трае се до исполнување на предвидениот опфат.
Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, усвоен од Владата за мерката 3.3 Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, објавен е
ЈАВЕН ПОВИК до невработени лица за вклучување во мерката
3.3 Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд
Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во мерката „Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд“, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде редовно се евидентираат како невработени лица, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимања и градови:
A. Обуки за побарувани занимања со услов – лицето да има завршено минимум основно образование:
1. Готвач – Тетово, Скопје
2. Обработувач на метал-Бравар – Куманово
3. Козметичар за нега на лице и тело – Скопје, Тетово
4. Надградба на нокти (Декоративен маникир) – Скопје, Тетово
5. Маникир и Педикир – Скопје, Тетово, Штип
6. Обработувач на метал-Заварувач – Куманово
7. Шминкер – Гостивар, Скопје
8. Шивач на женска облека – Штип
9. Слаткар – Скопје
10. Монтер и инсталатор на сончеви панели – Скопје
11. Фризер за жени – Скопје, Штип, Гостивар
12. Производител на леб, бурек и бели пецива – Гостивар
13. Масер за козметичка масажа – Скопје, Гевгелија
14. Армирач – Тетово
15. Пекар -Скопје
Б. Обуки за побарувани занимања со услов – лицето да има завршено минимум средно образование:
1. Службеник за сметководство – Скопје, Битола
2. Графички дизајнер – Скопје
3. Негуватели на лица со попреченост – Скопје, Штип
4. Негуватели на деца – Тетово
5. Организатор на настани – Штип
6. Дигитален Маркетер – Скопје, Битола
7. Ракувач со вилушкар – Скопје, Велес, Штип
8. Оператор за графички и веб дизајн – Скопје, Куманово
Обуката ќе се реализира во период од 2 (два) месеци, а по завршување на истата кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 (еден) месец. Доколку спроведувачите на обука се приватни компании (работодавачи), практичната работа во времетраење од 1 (еден) месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).
Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен бруто надомест во висина од 11.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.
Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот повик.
При селекција на пријавените кандидати предност за вклучување во обуките ќе имаат невработени лица кои претходно не биле вклучени во оваа мерка.
Вклучените евидентирани невработени лица кои се корисници на гарантирана минимална помош или користат право на парична помош од социјална заштита или паричен надоместок, за времетраење на обуката не го губат ова право.
Заинтересираните невработени лица може да го изразат својот интерес и/или да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, сѐ до исполнување на предвидениот опфат.
Детални информации може да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397, веб страната www.av.gov.mk, како и на e-mail: info@av.gov.mk и kabinet@av.gov.mk.
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ